Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува стратегија за оризопроизводство бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува стратегија за оризопроизводство бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.

„Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди се начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа забележани многубројни неправилности кај некои од компаниите, од кои повеќето се санкционирани во согласност со постојните законски прописи“, посочи тој.

Реклама

„Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема на тој начин како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.