Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка, бледи се обидите на опозицијата да ме инволвира во случај за криминал

Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Јас како ресорен министер ќе продолжам да се борам и ваквите случаи да се санкционираат во целост, само на тој начин ќе можеме да градиме она што постојано го велам, доверба во институциите, што во минатото го немаше, додаде тој.

Трипуновски истакна дека Владата спроведува неселективна борба против криминалот, укажувајќи дека без разлика на политичката припадност секој кој направи злоупотреба мора соодветно да одговара.

Реклама

-Со овој случај гледате дека како сериозна Влада без разлика на партиска припадност, дали е некој сегашен или поранешен функционер, се бориме беспрекорно. Тоа е сериозен пристап на сериозна Влада, што во минатото не беше така, изјави тој.

Министерот Трипуновски упати апел до секој еден граѓанин којшто можеби има за некој друг случај одредени сознанија да алармира, за како што рече тој веднаш да се постапи и санкционира.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата на опозицијата и порача дека Платежната агенција е посебно тело од министерството, додавајќи дека бледи се обидите на СДСМ да го инволвираат во овој случај.

– Платежната агенција е посебно тело коешто одговара пред Владата. Значи тука елиминирам секаква поврзаност на Платежната агенција со Министерството. Вие знаете дека Платежната агенција работи согласно акредитирани мерки, согласно насоките од Брисел, согласно процедури, управувани од директор со свој менаџерски тим. Така да сите процеси коишто се внатре во Платежната агенција се водени од самата агенција и тука бледи се нападите на опозицијата да го врзат министерството со Платежната агенција. Така што, тоа што го прават е повеќе за политички поени и видливост во јавноста, појасни министерот.