Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Трипуновски најавува мерки за зголемување на домашното производство на храна и резерви со македонска пченица

Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст и позитивни резултати за домашното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст и позитивни резултати за домашното земјоделство, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој ги презентираше бројките и најави конкретни мерки со кои државата го насочува фокусот кон зголемување на домашното производство и обезбедување на стоковните резерви со македонски производи.

– Жетвата на пченицата оваа година е извршена на зголемени површини во споредба со минатата година. Согласно податоците со кои располага Министерството, пченица е засеана на околу 70.000 хектари, а од жетвата се собрани над 280.000 тони, количина која речиси целосно ги покрива домашните потреби“, истакна Трипуновски во интервју за „Newsmax Balkans“. 

Министерот потенцираше дека институцијата активно работи на трансформација на земјоделскиот систем, со јасна цел – намалување на увозната зависност.

Реклама

– Работиме на зголемување на производството, со цел Македонија конечно да не биде означувана како увозно зависна држава. Трендот на раст на производството е сериозен показател, појасни тој.

Како еден од клучните потези, Трипуновски најави дека по долг период, државата повторно ќе ги полни резервите со домашно производство.

-Не може да дозволиме стоковните резерви да ги полниме со пченица која доаѓа надвор од нашите граници, туку стоковните резерви ќе ги полниме со наша домашна пченица. Беше објавен и првиот повик за набавка на 9.000 тони од реколтата 2025 година, директно од производителите, истакна министерот Трипуновски.

Дополнително, тој објави новитет во третманот на земјоделските култури од стратешко значење за државата. За прв пат, оризот е вклучен како стратешка култура во стоковните резерви, а оваа година истите ќе бидат наполнети со 2.400 тони оризова арпа.

Со овие мерки, како објави тој, Министерството испраќа јасна порака за поддршка на македонските земјоделци и долгорочна стабилност на прехранбениот систем.