Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска продолжи во општина Кавадарци.

Трипуновски, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нагласил дека на ниво на општина има над 7.000 хектари под лозов насад.

-Без разлика дали се работи за голема или мала општина, целта на кампањата е да се посетат сите краеви во нашата држава за да поразговараме за сите досегашни активности, за сите моментални активности. И една од поважните цели на оваа кампања е да ги слушнеме земјоделците, за во каква насока треба да се движи македонското земјоделство – истакнал Трипуновски.