Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции

Од неисплатени субвенции, закочени проекти и хаос во системот, до девет милијарди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од неисплатени субвенции, закочени проекти и хаос во системот, до девет милијарди денари исплатени средства и историски откупни цени. За само една година, земјоделството тргна во нов, поорганизиран и поддржувачки правец. Министерот Трипуновски даде отчет за сработеното во изминатата година и посочи дека Владата по седумгодишниот хаос кој го направила минатата влада на СДСМ и ДУИ, конечно успеала да воспостави стабилен систем на соработка со земјоделците – решени се децениски проблеми ѝ е вратена довербата во институциите.

„За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставуваме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институциите. Кај тутунот е постигната зголемена откупна цена од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, со што се постигнала највисока цена во историјата на тутунопроизводството“, изјави Трипуновски на прес-конференција по повод една година Влада.

Зголемени се и површините под култури – со 1.400 хектари повеќе тутун, раст и кај јачменот и пченицата, како и за 82% повисок извоз на јаболка во првите месеци од годината. Поддршка има и за младите земјоделци, модернизација, инфраструктура, а се обезбедени и дополнителни средства за „Македонски шуми“ и „Водостопанство“.

Реклама

„Првпат во историјата е утврдена производна цена со што се постигна највисоки откупни цени за двете вински сорти на грозје од реколтата 2024 година Вранецот изнесуваше 20,8 денари за килограм, а смедеревката 18,3 денари. Во завршна фаза е и утврдувањето на производната цената за 2025 година верувам дека лозарите ќе бидат уште позадоволни годинава… Обезбедени се и дополнителни 132 милиони денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување, а воспоставиме е и проектна единица „Наводнување на Македонија“, која рече дека претходно била целосно нефункционална и не екипирана, а денес, истакна имаме вода во секоја нива во државата“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.

Министерот Трипуновски, меѓу останатото, наброја и дека е обезбедена поддршка од 61,5 милиони денари за научно образовните институции, како и 60,6 милиони денари за локални манифестации и саеми за минатата година, како и 10,9 милиони денари за годинава. Со реформи, поддршка и јасна визија – земјоделството станува стратегиски столб на економијата. Владата ветува – ова е само почеток.