Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе биде обесштетен

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети бачилото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети бачилото на овчарот Никола Колев во струмичко Костурино, кому поплавата во понеделникот му однесе 56 овци и над 120 јагниња и притоа вети институционална и општествена помош.

Посочи дека Општината на вчерашната седница на Советот има формирано Комисија за проценка на штети од ова невреме, која е составена и од претставници на Министерството за земјоделство и кои ќе направат проценка во делот на тоа што навистина има оштетување на неговиот имот и согласно процедурата и законот да биде обесштетен од страна на Владата. 

-Дополнително, анимирани се сите членки на Сојузот на одгледувачи на овци и секоја од членките во рамките на своите можности да помогне со жива стока којашто ќе му биде дадена на Никола за да може да продолжи да опстојува како и претходно со одгледување на овци, но и со многу општествено одговорни компании од регионов сум во комуникација кои ќе помогнат со градежни материјали за да се изгради нова штала на сточарот Никола за да може да ги одгледува и преживеаните овци, но и оние коишто ќе се соберат. Дополнително јавното комунално претпријатие ќе преземе активности за чистење на одредена каналска мрежа за да не дојде до нови поплавувања и нови штети на овој дел, односно на нашиот драг фармер Никола, рече министерот Трипуновски.

Реклама

Претседателот на Сојуз на одгледувачи на овци, Насер Џемаили ги повика другите одгледувачи од државата на солидарност.

-Ние како Сојуз ќе се обидеме да му го вратиме бројот на овците коишто ги изгубил. Би сакал да ги информирам сите членови – одгледувачи на овци кои можат да помогнат барем со една овца, две или колку се во можност да му излеземе во пресрет на Никола, рече Џемаили.

Сопственикот на фармата, Никола Колев сè  уште е во шок од претрпената штета. Вели дека покрај стадото настрадала и шталата и сè се случило за 10 минути, а одгледувањето овци му е извор на егзистениција.

-Јас барав помош  и дојдоа татко ми, брат  ми и овчарот, но не успавме да ги спасиме јагнињата. Спасивме четириесетина овци. Живееме само од одгледување на овците, рече Колев.

Инаку, освен бачилото кај селото Костурино, обилниот дожд во понеделникот предизвика поплавување на дворови и земјоделски површини во селата Сачево и Муртино.