Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Трипуновски до Лукаревска: Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска, во Собранието, одговори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска, во Собранието, одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството.

Mинистерот Трипуновски истакна дека протестите организирани минатата сабота од опозицијата се обид за политичка манипулација нагласувајќи дека токму тие што денес критикуваат во минатото оставиле сериозни проблеми во земјоделството.

Тој посочи дека оризопроизводителите во саботата истакнаа дека имаат резерви ориз од пред пет години, период кога, како што рече, на власт бил СДСМ. 

Реклама

– За разлика од минатото, кога оризот не беше третиран како стратешка култура, оваа Влада презеде конкретни чекори. Оризовата арпа ја дефиниравме како стратешка култура и обезбедивме откуп за потребите на државните стоковни резерви – рече Трипуновски.

Тој информира дека во 2024 година била реализирана мерка за кофинансирање, набавка на комбајни и сушарници за ориз, со вкупна поддршка од над 35 милиони денари, дека имало 57 пријави и сите биле одобрени. 

– Во производната 2025 година во вашето заминување, недомаќински, нефер, ја испразнивте браната „Калиманци“ со цел да имаме тешка производна година. Со домаќинско управување, со сите заложби што ги направија Владата и Министерството, со санирање на онаа катастрофална состојба во системите за наводнување, успеавме да ја покриеме секоја земјоделска површина со доволна количина вода и да се посее оваа важна култура за нас – рече Трипуновски.

Во својот одговор Трипуновски додаде дека Владата реализира откуп на речиси 2.400 тони оризова арпа за стоковните резерви, како и дополнителна мерка од 6 денари за килограм предадена арпа за што биле издвоени над 90 милиони денари.

– Во делот на зелената нафта, јас бев еден од критичарите што ја критикуваше таа мерка затоа што поделивте зелена нафта за паркирање на тракторите, не за обработка, не за да биде дополнителна додадена вредност и компензација на трошоците во делот на земјоделското производство. Истата мерка минатата година е зголемена за 100 отсто и сега земјоделците добиваат сериозна количина нафта и претставува сериозен инпут во делот на олеснување на прозводните трошоци – вели Трипуновски.

Министерот ги отфрли тврдењата дека субвенциите се намалени потенцирајќи дека годишните програми најчесто изнесуваат речиси 100 милиони евра.

– Во 2024 година, со преземањето на власта, наследивме сериозна финансиска дупка во овој сегмент. Со ребалансот во 2024 година и со пренамената на средства во декември се обезбедија дополнителни 40 милиони евра, со што се исплатија заостанатите обврски кон македонските земјоделци – додаде Трипуновски.

Дополнително, тој информира дека од програмата за 2026 година досега се исплатени над 30 милиони евра субвенции.

– Ние правиме санација на онаа состојба што сме ја наследиле. Ние сме вистински партнери на земјоделците. Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС – истакна Трипуновски.