Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Тридневни професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Македонија имаат чест да ве известат дека од вчера, вторник 27 јануари 2026, започнаa тридневните професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ, председател на Акажу продуксион од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филмови, се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје.

Најпрвин, г-дин Сашко Потер Мицевски, директор на Агенцијата за филм, срдечно ги пречека г-дин Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата, и г-дин Паскал Јуделевиќ на состанок. Веднаш по работниот состанок, се одржаа работилници со десет носители на проекти, коишто ги презентираа своите проекти и добија професионални видувања од страна на францускиот продуцент Јуделевиќ, како и потенцијални можности за соработка.

Денес, среда, 28 јануари 2026, предвидени се неколку средби околу проектот на Јуделевиќ, „7 дена, 1 филм”, со неколку филмски професионалци од Северна Македонија.

Реклама

Во четврток, 29 јануари 2026, предвидена е работилница за пишување сценарио на Факултетот за драмски уметности, во рамките на која ќе бидат опфатени основите на драматургијата, конструкцијата на нарацијата и преминот од идеја во сценарио.
Оваа работилница е наменета пред сè за студенти, млади автори и идни филмски работници.

Преку оваа тридневна програма, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Македонија ја потврдуваат заедничката посветеност на филмското творештво преку едукацијата на младите професионалци и дијалогот помеѓу француската и македонската филмска сцена, како и организација на сеопфатни активности во доменот на филмот предвидени со Договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија, потпишан помеѓу двете земји во февруари 2021 година.

Однапред ви благодариме на објавата на информацијата во вашиот медиум.