Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Третото тримесечје од 2025 година – зголемен број на новороденчиња

Падот на наталитетот во Македонија е повеќедецениска криза која остава сериозни последици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падот на наталитетот во Македонија е повеќедецениска криза која остава сериозни последици – државата се празни и забрзано старее. За илустрација, во 2016 година Македонија броела 23.000 новородени деца, а во 2024 година 16.737. Тоа значи дека во 2024 година се родиле околу 9.000 деца помалку, односно пад од 30 % за само осум години.

Сепак, охрабруваат последните податоци од ДЗС, според кои во третото тримесечје од 2025 година бројот на живородени деца изнесува 4.431 и, во споредба со истиот период лани, е зголемен за 3,7 %. Но природниот прираст и натаму е негативен.

Промената се чувствува и во училиштата. Паралелките кои во минатото имаа по 25 или 30 првачиња, денес бројат од 12 до 15 ученици, велат граѓаните.

Реклама

„Затоа што бегаат на страна, немаат добри примања затоа. — Не само иселување, многу работи се во прашање, несигурност. — Претпоставувам дека оваа динамика што денеска вие помладите ја живеете ве фрла поприлично во еден похаотичен живот. Младите може се плашат малку од сите тие обврски плус, меѓутоа и условите на живот. Кога гледаш дека не можеш да најдеш работа, не си сигурен прво во себе како ќе егзистираш, а камоли да го множиш и шириш семејството“ – велат анкетираните граѓани.

Експертите предупредуваат дека ако не се воведат долгорочни и системски решенија, државата за 20 години ќе се соочи со уште поголем недостиг на работна сила и дополнително иселување. Прашањето кое се наметнува е: како да ги сочуваме семејните вредности? Ако ни паѓа наталитетот, како ќе градиме здрава нација? Што го разјадува семејството – основната клетка на општеството?

„Систем со сериозни проблеми и предизвици, исто така и големиот број миграции, со тоа што мислам дека младите се индоктринирани во насока каде што треба претходно да се посветат на кариера, па потоа да се остварат како родители. Да ги охрабриме мајките да станат мајки, да излезат од тој сегмент дека едно семејство има само едно дете или две, туку да работиме на повеќедетни семејства, и тоа мора да биде во соработка со владата заради иницијативи“ – вели Ана Дуковска, претседател на здружението „Јас сум жена“.

Владата се обврза да го стави демографскиот развој во прв план. За таа цел се предвидуваат шест бесплатни ин витро процедури, како и финансиска стимулација за прво и второ дете. Исто така, се предвидува ослободување од персонален данок на доход за мајките – една година за прво дете, две години за второ, а за трето и повеќе дете, секоја година да биде ослободена, сè додека првото дете не стане полнолетно.