Реклама
Македонија

Третата глобална женска лидерска конференција во Mакедонија „Jас сум жена“

Третата глобална женска лидерска конференција во Mакедонија „Jас сум жена“ се одржува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Третата глобална женска лидерска конференција во Mакедонија „Jас сум жена“ се одржува денеска и утре во скопскиот хотел „Kонтинентал“, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“.

Конференцијата беше отворена со изложба на рачни изработки на занаетчики и ликовна изложба со портрети од панелистките. Темите кои ќе бидат опфатени на конференцијата се поделени во четири области и тоа: Македонки во здравство, во спорт, во нетипични професии и Македонки во светот. Во склоп на конференцијата, предвидено е да се одржи и работилница “едукативни инфлуенсери” и инспиративен разговор “успешна македонска приказна”.