Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Трет состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска го организираат Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во рамки на проектот „WB Reform and Growth Monitor”. 

Како што е најавено, во рамки на состанокот ќе има и јавна панел дискусија на која ќе се обратат министерот за европски прашања и националниот координатор за спроведување на Реформската агенда, Беким Сали, шефот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Штефен Худолин, професорката на Економскиот институт, Силвана Мојсовска и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.

-Имплементацијата на Реформската агенда на Македонија (РА) бара инклузивен пристап и придонес од сите засегнати страни со цел нејзино успешно спроведување, а преку тоа и унапредување на економскиот потенцијал на државата. Во таа насока, неопходна е широка дискусија за Реформската агенда, како и воспоставување потенцијал за соработка и активна вклученост на сите засегнати страни, со цел обезбедување успешни и одржливи реформи и забрзување на процесот на ЕУ интеграцијата, наведува ЕПИ.

Реклама

ЕПИ го спроведува проектот „WB Reform and Growth Monitor” со мрежата Мисли за Европа (Think for Europe – TEN) и Транспаренси интернешнл од Босна и Херцеговина.