Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Трет ден – работна посета на владината делегација на Обединетите Арапски Емирати

Трет ден од работната посета на владината делегација на Обединетите Арапски Емирати.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трет ден од работната посета на владината делегација на Обединетите Арапски Емирати. За денеска е предвидена средба со премиерот и владетел на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, потпиша два договора – едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, пак, рече дека очекува во брзо време инвестиции од Емиратите.

Според него, македонските извозни компании можат да ја користат помошта и логистиката што ја нуди владата на Емиратите за да освојат нови пазари и да ги пласираат своите производи на Истокот.

Реклама

По средбите со стопанските комори во Шарџа и Дубаи, Николоски потенцираше дека има голема заинтересираност за соработка во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделскиот сектор.