Реклама
Економија

Трендафилов најави нови блокади

На 12-ти февруари почнуваат блокадите на Сојузот на синдикати на Македонија, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 12-ти февруари почнуваат блокадите на Сојузот на синдикати на Македонија, со цел исполнување на барањата за повисока минимална плата. Трендафилов најави дека ќе се блокира пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата и Сојузот на стопански комори. На 17-ти февруари пак ќе го блокираат влезот на Владата. Трендафилов кажа и дека во текот на утрешниот ден ќе биде доставена иницијатива за измени на Законот за плати на функционерите. Претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов, со остри критики кон Владата за, како што вели, блокирањето на зголемувањето на платите. Тој предупредува дека ваквиот пристап ги осиромашува работниците и најавува протести, блокади и генерален штрајк доколку не дојде до промена.