Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

Тркалезна маса посветена на унапредувањето на хуманитарното дејствување, зајакнувањето на институционалната соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тркалезна маса посветена на унапредувањето на хуманитарното дејствување, зајакнувањето на институционалната соработка и градењето поотпорно општество се одржа денеска, со мото „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Македонија и националниот хуманитарен систем“. наведува во соопштение Црвениот крст на Република Северна Македонија. 

Настанот отвори значајна дискусија за идната улога на Црвениот крст во националниот хуманитарен систем и за важноста на хуманитарната дипломатија во поврзувањето на институциите, меѓународните организации, локалната самоуправа, академската заедница, волонтерите и корпоративниот сектор.

Во рамки на настанот беше потпишан договор за соработка и координација во случаи на кризи меѓу Црвениот крст на Македонија, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Договорот претставува значаен чекор кон унапредување на партнерството, координацијата и заедничкиот одговор на хуманитарните предизвици.

Реклама

На настанот се обратија покровителот Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пратеникот Бојан Стојаноски, Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет при УКИМ, Маја Стевкова Штериева, главен финансиски директор на АД Комерцијална банка, Славче Трпески, секретар на Град Скопје, како и претставници на други институции.

Преку различните перспективи и искуства беше нагласена потребата од посилна институционална поддршка, современа законска рамка, развој на волонтерството, градење отпорни заедници и унапредување на партнерствата како основа за ефикасен и одржлив национален хуманитарен систем.

Тркалезната маса потврди дека хуманитарната дипломатија не е само инструмент за застапување на хуманитарните потреби, туку и механизам за градење доверба, воспоставување партнерства, мобилизирање ресурси и влијание врз јавните политики во интерес на граѓаните.

За Црвениот крст на РСМ, иднината подразбира понатамошно јакнење на организациските капацитети, унапредување на волонтерството, развивање на партнерствата и активно учество во креирањето на националните политики за подготвеност, одговор и закрепнување од кризни состојби.

Заклучоците од дискусијата претставуваат основа за дефинирање конкретни следни чекори и продлабочување на соработката меѓу сите општествени чинители.