Проектот на Општина Битола „Сончеви училишта“ ќе се реализира и во основните училишта „Св. Климент Охридски“, „Даме Груев“ и објект на ОУ „Гоце Делчев“ во овој град.
За време на денешниот увид, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски беше информиран за реализацијата на проектот, а во ОУ „Св. Климент Охридски“ беше извршено примопредавање на фотонапонската централа со инсталирана моќност од 40 киловати.

Во првата фаза реализирана во 2024 година, фотонапонски централи беа поставени на шест општински основни училишта, односно во „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ во село Кукуречани и во „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица. Проценетите годишни заштеди од првичната реализација на проектот во Битола изнесуваат околу 15.000 евра, информираа од тамошната локална самоуправа.

