Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Трамп размислувал да ѝ даде ракети „Томахавк“ на Украина за да може да ја гаѓа Москва

Доналд Трамп размислувал да ѝ даде крстосувачки проектили „Томахавк“ на Украина, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп размислувал да ѝ даде крстосувачки проектили „Томахавк“ на Украина, но тие засега не биле вклучени во листата на оружја што треба да ги добие Киев, објави „Вашингтон Пост“.

САД ги користеа овие проектили во нападот врз Иран минатиот месец, а Украина со нив би можела да ги гаѓа дури и Москва и Санкт Петербург. Извор од Белата куќа кажа дека Трамп е решен да изврши поголем притисок врз Владимир Путин со цел да се постигне прекин на огнот во Украина. Во телефонски разговор минатата недела, Трамп го прашал Зеленски зошто досега не ја гаѓал Москва. „Би можеле ако ни дадете оружје“, рекол Зеленски, на што Трамп одговорил: „Украина мора да изврши поголем притисок врз Путин, не само Москва, туку и Санкт Петербург“.

Трамп вчера ветил нова воена помош за Украина, што ќе вклучи ракети „Патриот“, артиљерија и противвоздушни системи. Оружјето ќе им биде продадено на членки на НАТО, кои потоа ќе го префрлат во Украина. Вредноста на целиот пакет е проценета на 10 милијарди долари.