Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Свет

Трамп победи на прелиминарните избори во Мичиген

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи, во согласност со предвидувањата, на републиканските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи, во согласност со предвидувањата, на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, а американскиот претседател Џо Бајден, кој немаше конкуренција од почетокот на прелиминарните избори во САД, победи и на демократските прелиминарни избори во таа држава.

Ривалката на Трамп, Ники Хејли, беше поразена со голема разлика. Тоа беше уште еден дуел меѓу Трамп и Хејли за републиканската номинација за претседателските избори во ноември. Кој сака да стане претседателски кандидат во САД, прво мора да победи на внатрепартиските прелиминарни избори.

Потоа официјално се избираат кандидатите на партиските конвенции во лето. Конвенцијата за номинација на републиканците се одржува во средината на јули. Хејли веќе загуби од Трамп на прелиминарните избори во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина.