Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Трамп по нападот врз Суми: Страшно, ми кажаа дека направиле грешка

По рускиот напад врз украинскиот град Суми, во кој загинаа најмалку 34…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По рускиот напад врз украинскиот град Суми, во кој загинаа најмалку 34 лица, бурјата од гнев продолжува со несмалено темпо. Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за „ужасна работа“.

„Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка. Но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека самиот почеток на таа војна беше злоупотреба на моќта. Соединетите држави никогаш немаше да дозволат таа војна да започне ако јас бев претседател. Таа војна е срамота“, изјави Трамп.

Тој не прецизираше за кого мисли кога зборува дека направиле грешка, но додаде дека ќе мора да ги прашаат: „Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна. Јас само се обидувам да ја прекинеме оваа војна за да можеме да спасиме многу животи“.

Реклама

Според украински извори, руската армија испуштила две балистички ракети врз Суми, кој се наоѓа недалеку од границата. Според спасувачите во градот, најмалку 34 лица загинале, а 117 се повредени во нападот извршен во неделата, меѓу кои и 15 деца.

Нападот се случил два дена по разговорите на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин, но засега нема информации за резултатите од разговорите.

Лидерот на германската ЦДУ и веројатен идент германски канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека станува збор за „очигледно сериозно воено злосторство“. Биле извршени два бранови напади, а вториот дошол „кога помагачите се обидувале да им притекнат на помош на погодените. Ова е врв на перфидноста“. Тој предупреди на наивност во односот со Путин: „Ова им го прави Путин на оние кои со него зборуваат за прекин на огнот“.

Украинскиот претседател го повика Доналд Трамп да отпатува во Украина за да се увери во уништувањето предизвикано од руската војска.