Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Свет

Трамп најави откажување од нафтениот договор со Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека ќе ги откаже отстапките кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека ќе ги откаже отстапките кон Венецуела што пред две години ги даде неговиот претходник Џо Бајден.

Трамп, во објава на социјалната мрежа Truth Social, рече дека „ги поништува отстапките“ од „Договорот за нафтени трансакции, од 26 ноември 2022 година“. На тој ден администрацијата на Бајден и издаде лиценца на компанијата „Шеврон“ да го прошири своето производство во Венецуела и да увезува сурова нафта во САД.

Тоа беше единствената лиценца што администрацијата на Бајден и ја даде на Венецуела. Трамп не ја спомна „Шеврон“ во својата објава.

Реклама

Објавата на Трамп уследи по таа од почетокот на февруари во која наведе дека Венецуела го прифатила враќањето на сите илегални мигранти од САД и дека ќе обезбеди нивно враќање назад.

Во најновото соопштение, Трамп рече дека Мадуро не ги префрла Венецуелците од САД според динамиката што беше договорена.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата влада отсекогаш ги отфрлаа американските и другите санкции, велејќи дека тие се незаконски мерки што претставуваат „економска војна“, чија цел е уништување на Венецуела.