Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Свет

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД.

Трамп го објави потегот на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа.

– Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратиме одличен болнички брод во Гренланд за да се грижи за многуте луѓе кои се болни, а за кои таму не се грижат. Тој е на пат!!!, рече Трамп.

Реклама

Ниту Белата куќа ниту канцеларијата на Ландри не одговорија на прашањата дали бродот е побаран од Данска или Гренланд и на кои болни луѓе им е потребна помош.

Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук.

Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со случајот. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана.

Данскиот крал Фредерик го посети Гренланд минатата недела по втор пат за една година, обидувајќи се на тој начин да покаже единство со таа територија, како и противење на плановите на Трамп да го купи островот.

На крајот од минатиот месец, Гренланд, Данска и САД одржаа разговори за решение на ситуацијата што ги зголеми тензиите во рамките на НАТО во последните месеци.