Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите

Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот прв говор пред Конгресот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот прв говор пред Конгресот од неговиот втор мандат со прогласување дека „Америка се врати“. Американците се најмногу загрижени околу економијата и инфлацијата, за која Трамп вети дека дека ќе се бори секој ден да го поправи тоа.

„Меѓу моите највисоки приоритети е да ја спасам нашата економија и да добијам драматично и итно олеснување за работничките семејства. Како што знаете, од минатата администрација наследивме економска катастрофа и кошмар од инфлација. Нивните политики ги зголемија цените на енергијата, ги зголемија трошоците за намирници и ги доведе секојдневните потреби за живот недостапни за милиони Американци како никогаш досега. Имаме најголема инфлација за изминатите 48 години, но можеби дури и во историјата на нашата земја. Како претседател ќе се борам секој ден да ја сменам оваа штета и ќе работиме напорно за да ја вратиме назад“, рече Доналд Трамп, претседател на САД

Само неколку минути по обраќањето на Трамп, претседателот беше прекинат со потсмев од подот на Домот, што го натера претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, да донесе наредба да се отстрани демократскиот претставник Ал Грин од Тексас.

Реклама

„Претседателот рече дека има мандат, а јас јасно му ставив до знаење на претседателот дека нема мандат да го скрати Медикеид. Има луѓе кои се многу исплашени. Тоа се сиромашни луѓе и тие го имаат само Медикеид во нивните животи кога станува збор за нивната здравствена заштита“, рече Ал Грин, демократски претставник од Тексас

Трамп меѓу другото наведе и неколку од неговите извршни наредби, вклучително и дека прогласил национална вонредна состојба на јужната граница и распоредил американска војска и гранична патрола за „да ја одбие инвазијата врз Америка“. Тој, исто така, рече дека наметнал итно замрзнување на сите федерални вработувања откако се вратил во Белата куќа, како и замрзнување на странската помош.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил сигнали дека Русија бара мир во Украина, давајќи му сигнал на Зеленски дека има надеж повторно да се разговара за склучување договор меѓу двете страни. Трамп исто така рече дека на САД „им треба Гренланд“ и дека ќе го врати Панамскиот канал.

„Вечерва исто така имам одлична порака до жителите на Гренланд. Силно ги подржуваме вашите напори да одлучите за вашата иднина, и доколку одлучите вие ќе бидете добредојдени во САД“, рече Доналд Трамп, претседател на САД

Тој исто така рече дека неговата администрација „постигнала повеќе за 43 дена отколку што повеќето администрации постигнале за четири или осум години, додека биле на власт“. Трамп, до денес, има потпишано 76 извршни наредби.

Јованчо Наумоски – Глас на Америка