Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Трамп и Зеленски на кратка, но „многу продуктивна“ средба во Рим

На денот на погребот на папа Франциск, во Рим се одржа важен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денот на погребот на папа Франциск, во Рим се одржа важен состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски. Иако беше краток, состанокот носи потенцијал за големи геополитички промени, особено во контекст на војната во Украина. „Многу продуктивна“ средба денеска во Рим, изјави претставник на Белата куќа.

Состанокот во Ватикан, кој следува по жестоката средба во Овалната соба во Вашингтон во февруари, се случува во критичен момент од преговорите чија цел е да се стави крај на војната меѓу Украина и Русија. „Претседателот Трамп и претседателот Зеленски се сретнаа денеска приватно и имаа многу продуктивна дискусија. Ќе следат повеќе детали за средбата“, рече Стивен Чеунг, директор за комуникации во Белата куќа.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, во објава на социјалните мрежи рече дека состанокот бил „конструктивен“. Веднаш по средбата, во базиликата Свети Петар во Ватикан, Володимир Зеленски и Доналд Трамп се сретнаа со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.