Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Трамп и Венс се расправаа со Зеленски во Белата Куќа – бил неблагодарен и не покажувал почит кон Америка

Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс разменија жестоки зборови со Володимир Зеленски на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс разменија жестоки зборови со Володимир Зеленски на средбата во Белата куќа, каде што требаше да се потпише договор за ретки минерали.

Венс му рече на Зеленски дека е неблагодарен, а Трамп го обвини дека се игра со трета светска војна.

Венс го искритикува Зеленски откако тој побарал безбедносни гаранции за Украина од САД.

„Мислам дека не покажувате доволно почит зашто се расправате со Трамп во Белата куќа пред американските медиуми. Дали еднаш денеска кажавте ‘ви благодарам‘? Вие не ја почитувате оваа земја“, му рече Венс на Зеленски.

Трамп кажа дека намерно го продолжил состанокот за американскиот народ да види што се случува.

„Мора да бидете благодарни. Украина е во голема неволја и не победува, но има добра шанса да биде во ред поради нас. Да не беше американската воена помош, оваа војна ќе завршеше за две недели“, рече Трамп.

Дискусијата се вжешти кога Зеленски рече дека и САД на крајот ќе ги почувствуваат последиците од војната.

„Не ни кажувајте на нас како ќе се чувствуваме. Не сте во позиција да го диктирате тоа. Ние ќе бидеме многу добро и многу силни“, одговори Трамп.

На крајот на состанокот, Трамп му порача на Зеленски да го потпише договорот или САД целосно ќе се повлечат.

По ова беше откажана веќе најавената заедничка прес конференција, а американскиот претседател на неговата социјална мрежа Трут Сошл напиша дека Зеленски покажал непочитување на Америка и тоа во Овалната соба и дека може да се врати кога ќе биде подготвен за мир.