Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Свет

Трамп го спореди американскиот напад врз Иран со одлуката на САД да се фрлаат атомски бомби во Јапонија

Доналд Трамп го спореди американскиот напад врз Иран со одлуката на САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп го спореди американскиот напад врз Иран со одлуката на САД да се фрлаат атомски бомби во Јапонија на крајот на Втората светска војна.

„Нели бевме успешни со нашиот погодок? Тоа ја заврши војната. Не сакам да ги користам примерите со Хирошима и Нагасаки, но тоа во суштина беше истата работа која ја заврши војната. Ако не го направевме тоа сега, тие и натаму ќе војуваа“, кажа Трамп на Самитот на НАТО во Хаг.

Во своето воведно обраќање на отворањето на самитот, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, нагласи дека историјата покажала оти кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа претставува добитна комбинација и противниците го знаат тоа.

Реклама

„Се соочуваме во опасен момент за нашите една милијарда граѓани. Руската војна против Украина беснее. Агресивното групирање на противници се обидува да не подели и да не предизвика. На Блискиот Исток има војна, тероризмот претставува постојана закана, а новите технологии носат можности, но и многу сериозни безбедносни предизвици“, рече Руте.

На овој самит, рече тој, ќе се донесат историски одлуки со кои нашите граѓани ќе бидат побезбедни…

Во меѓувреме, Иран ја прекинува соработката со нуклеарното надзорно тело на ОН – обвинувајќи ги дека тие го отвориле патот за нападите од Израел…