Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Свет

Трамп го претстави противракетниот штит „Златна купола“, што ќе ги штити САД и од напади од вселената

Американскиот претседател – Доналд Трамп, го претстави дизајнот на американскиот футуристички противракетен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател – Доналд Трамп, го претстави дизајнот на американскиот футуристички противракетен систем „Златна купола“, за кој кажа дека ќе влезе во функција до крајот на неговиот мандат.

Трамп го најави овој проект неколку дена по враќањето во Белата куќа во јануари. Златната купола ќе ги штити САД од воздушните закани од следната генерација, вклучувајќи балистички и крстосувачки проектили.

Во новиот буџет веќе е вклучена почетна сума од 25 милијарди долари за изградба на штитот, но се проценува дека тој ќе чини најмалку 175 милијарди долари. Штитот е потребен, зашто постојните одбранбени системи заостануваат зад модерните оружја што ги поседуваат можните непријатели.

Реклама

Трамп смета дека воздушните напади остануваат најголемата закана со која се соочуваат САД.

– „Сите ќе бидат елиминирани во воздух. Стапката на успешност ќе биде блиску до 100 проценти“, тврди Трамп.

Системот е делумно инспириран од израелската „Железна купола“ за пресретнување на проектили и ракети.