Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Свет

Трамп ги одложи царините до 1 август: земјите кои не потпишале нови договори ќе се соочат со високи царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се пролонгира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американски царини до 1 август.

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува утре. Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25% за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор.

Во писмата се наведува дека сите царини што ги воведуваат други земји ќе бидат додадени на веќе постоечката американска царина од 25%. „Ако од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, тогаш без оглед на износот што ќе одлучите да го зголемите, тоа ќе биде додадено на 25-те проценти што ги наплаќаме“, напиша Трамп во писмата до Јапонија и Јужна Кореја.

Реклама

Тој објави 14 писма со повисоки царини, и тоа: од 40% за Мјанмар и Лаос, 36% за Камбоџа и Тајланд, 35% за Бангладеш и Србија, 32% за Индонезија, 30% за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република, и по 25% за Тунис, Малезија и Казахстан.