Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

Трамп до иранските преговарачи: Затворете ја Ормуската Теснина и нема да се вратите во својата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле да ја „преземат“ Ормуската Теснина ако не се постигне договор со Иран и упати закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија. – Можеби ќе ја преземеме Ормуската Теснина, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин, рече Трамп во телефонско […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле да ја „преземат“ Ормуската Теснина ако не се постигне договор со Иран и упати закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија.

– Можеби ќе ја преземеме Ормуската Теснина, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин, рече Трамп во телефонско интервју за Фокс њуз.

Иранските државни медиуми вчера објавија дека иранската воена команда одлучила да ја затвори Ормуската Теснина поради наводни израелски прекршувања на прекинот на огнот во Либан и затоа што САД „не ја спроведоа“ првата точка од привремениот договор за завршување на војната.

Реклама

– Затворете ја Ормуската Теснина и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата е…а земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе ги дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам, изјави Трамп.

Тој повтори дека САД би можеле да станат „ангел чувар“ на Ормуската Теснина и да земаат 20 проценти од нафтата што поминува низ него. 

Прашан за изјавата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Иран го задржува правото да збогатува ураниум, Трамп реагираше жестоко: „Подобро да внимава што зборува. Подобро да се смири или ќе го преземеме остатокот од земјата“.

Трамп претходно му се закани на Иран дека повторно ќе го „удри ште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах.