Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули да го ратификува трговскиот договор со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули да го исполни трговскиот договор, во спротивно САД ќе воведат повисоки царини. Трамп изјави дека имал „одличен разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, во кој ѝ го пренел својот став за овој рок.

Во објава на неговата социјална мрежа тој наведе дека „трпеливо чекал“ ЕУ да го исполни својот дел од „историскиот трговски договор“ постигнат во Шкотска, кој го нарече „најголем трговски договор во историјата“. Според него, ЕУ се обврзала да ги намали царините на нула, но тоа сè уште не е целосно спроведено.

Тој исто така предупреди дека САД би можеле да ги зголемат царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто, од сегашните 15 отсто, доколку договорот не се исполни.

Реклама

Трамп додаде дека во разговорот со Фон дер Лајен станало збор и за Иран, при што, како што наведе, се согласиле дека Техеран „никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“.