Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Трајков: Реформите не се само формалност, туку суштински ангажман во подобрување на животниот стандард на сите граѓани

„Потребно е сите ние, земјите од Западен Балкан да се фокусираме на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Потребно е сите ние, земјите од Западен Балкан да се фокусираме на имплементација на реформите со цел да ги подобриме состојбите, а со тоа и животот на нашите граѓани кои заслужуваат европски живот-дома.

За мене и Владата која ја претставувам, реформите не се само формалност, туку суштински ангажман во подобрување на животниот стандард на сите граѓани. За тоа е потребна посветеност, но пред сè, волја да се помогне во секоја сфера на општеството“, истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на тркалезната маса којашто денеска се организираше во пресрет на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан за Планот за раст на ЕУ кој ќе се одржи во средината на јуни. Претставувајќи ја Реформската агенда и постигнатото, заменик министерката за европски прашања Трајков на тркалезната маса рече:

„Патот до ЕУ како што знаеме не е лесен, но за нас е единствен. Тој пат бара од нас да ја покажеме силната желба и детерминираност дека ние не само географски, туку и природно-припаѓаме во ЕУ. Мора да покажеме дека нашиот долгогодишен сон сакаме да стане јаве и тоа час поскоро“, смета Трајков.

Реклама

Заменик-министерката за европски прашања Трајков нагласи дека нашата држава е првата земја од регионот која ги доби средствата за предфинансирање во рамките на Инструментот за реформи и раст на Европската комисија во висина од 52,4 милиони евра, од вкупно 750 милиони евра колку е предвидено да се алоцираат за нас согласно Планот за раст.

Таа појасни дека во Годишниот извештај за имплементацијата на Реформската агенда што е доставен до Европската комисија е даден јасен и детално разработен приказ за досегашните конкретни постигнувања, мерливи резултати и амбициозни планови за следниот период.

„Интензивно се работи и на реализација на чекорите за периодот до јуни годинава, поточно 16 чекори, со вредност од околу 70,6 милиони евра. Овие чекори предвидуваат активности во важни области како што се подобрување на кибер-безбедноста, целосна транспозиција на европските директиви за енергетскиот пазар, усвојување на нов Закон за електронски комуникации, подобрување на управувањето со електронски документи и архивски материјали, како и зголемување на бројот на инспекции на пазарната и трудовата инспекција со фокус на градежништвото, туризмот и земјоделството, понатамошни реформи во правосудниот сектор итн.“ истакна заменик-министерката за европски прашања, Трајков, додавајќи дека во наредниот период, покрај спроведувањето на реформите од Реформската агенда, фокусот e ставен и на формирање на национална структура за мониторинг, известување и евалуација. Таа потенцира и дека е развиен и План за комуникација и видливост во врска со помошта на Европската Унија за Македонија согласно Инструментот за реформи и раст којшто има за цел да ги приближи придобивките од Инструментот за реформи и раст до граѓаните и сите засегнати страни.