Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Трајановски: За една година пуштивме во употреба 101 километар експресни и регионални патишта во вредност од околу 200 милиони евра

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за локалната самоуправа, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на денешната панел-дискусија во рамките на настанот Саем-Отчет, насловен како „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.

Трајановски посочи дека во изминатиот период од година дена, колку што ВМРО-ДПМНЕ е централна власт, се направи многу во областа на државните патишта бидејќи заедно со Владата, ресорното министерство и со градоначалниците се работи тимски.

-Во изминатата една година, завршивме и пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта и тие се во вредност од околу 200 милиони евра. Значи, толку да се направи и толку да се инвестира сигурно е дел од една тимска работа, пред се од Јавното претпријатие и на институциите од централната власт коишто помагаат. Тука се бирото за проценка, управата за имотно правни односи, Катастар и останатите, рече Трајановски.

Реклама

Трајановски истакна и дека е завршен патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум.

-Сите овие беа патишта коишто, за жал, ги наследивме или закочени, или пак беа во некоја, многу блага форма на изработка. Сето тоа успеавме, заедно со министерството и Владата, сето тоа да го ставиме во функција и многу брзо да ги изградиме, истакна, меѓу другото, Трајановски.