Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Трајановски за Аеродром: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Уредување на јавниот простор, со фокус на безбедност, пристапност и квалитетен урбан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уредување на јавниот простор, со фокус на безбедност, пристапност и квалитетен урбан живот за сите граѓани е дел од планот кој ќе биде реализиран доколку бидсам избран, повика кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски за поддршка во вториот круг во Аеродром.

-Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно, изјави Трајановски.

Во неговата програма се предвидува изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за деца со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите и ќе се изградат тактилни патеки, со цел да се обезбеди пристапност за сите граѓани.

Реклама

Трајановски најави и системски пристап во решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку соработка со надлежните институции, со цел создавање безбедна и хумана средина.

Во план е изградба на нови велосипедски патеки, воведување брз и функционален јавен превоз, како и паметни паркиралишта и осветлување, што ќе придонесе за енергетска ефикасност и подобар урбан живот.

-Безбедноста е темел на сè што правиме, рече Трајановски, најавувајќи редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и изградба на нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.

Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром, порача Трајановски, повикувајќи ги граѓаните да се обединат на 2 ноември за подобра и поодговорна општина.