Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Трајановски: Системско пренасочување на ингеренциите за комуналната хигиена и сообраќајната полиција под надлежност на Градот

Со цел поголема ефикасност и одговорност во управувањето со градот, кандидатот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел поголема ефикасност и одговорност во управувањето со градот, кандидатот за градоначалник Александар Трајановски најави системско пренасочување на ингеренциите за комуналната хигиена и сообраќајната полиција под надлежност на Градот, информираат од коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ).

Градот Скопје ќе воспостави нов модел на управување со комуналната хигиена и сообраќајниот ред, преку системско пренасочување на ингеренциите и создавање Комунална и Сообраќајна полиција под капата на Градот.

Комуналната полиција ќе има превентивна улога во спречување на создавање диви депонии, палење отпад и несовесно постапување со ѓубрето. Со воведување на строги мониторинг и лиценцирање на сите транспортни возила за градежен шут и кабаст отпад, ќе се обезбеди јасно следење на нивното движење и на местата каде отпадот се одлага. Благодарение на беспилотни летала со термални сензори, ќе се врши рана детекција на чад, оган и загадување, што ќе овозможи брза реакција и заштита на животната средина.

Реклама

Истовремено, Сообраќајната полиција ќе премине во надлежност на Градот, со што ќе се постигне поефикасно управување со сообраќајот и инфраструктурата. Ако токму Градот и општините се тие што инвестираат милиони евра во изградба и одржување на улици, булевари и сообраќајна сигнализација, тогаш логично е и санкционирањето и средствата од казните да бидат во нивна надлежност.

„Ова е чекор кон вистинска децентрализација и кон поголема ефикасност во секојдневното управување со градот. Средствата од казните ќе се враќаат таму каде што се трошат, во градот и општините,“ истакна Трајановски.

Ваквиот модел може да се реализира на два начина: со воведување идентичен принцип на поделба на средствата од сообраќајните прекршоци, како што важи за даноците и комуналиите, или со целосно завршување на процесот на децентрализација во овој сегмент.

Со оваа мерка, Градот ќе добие вистинска контрола и одговорност, а граѓаните, почист, побезбеден и поуреден град.