Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на  Општина Чаир, од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителот на листата на советници за Советот на  Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.

„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија.  Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.

Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.

Реклама

„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.

На крај тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.