Реклама
Прилози

Традицијата продолжува: Туристки од Црна Гора за 8-ми март на подарок добија охридски бисер

Парите не ја греат душата,туку убавите спомени,тоа големо срце кое го има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите не ја греат душата,туку убавите спомени,тоа големо срце кое го има Македонија е она што не плени-воодушевени,17 дами од Црна Гора кои осмомартовски празнуваат на ривиерата,не насетуваа какво изненадување ги очекува. Се закитија со охридски бисер кој го добија од најмладиот продолжувач на занаетот за изработка на овој уникатен накит,Михајло Филев. Убавиот гест ги озари нивните лицата бидејќи на подарок добија бисерни обетки и цвет како симбол на почит и внимание.

Највеќе ми се допаѓа непосредноста на луѓето,вашата историја,како од едно езеро направивте огромен туризам.Се е убаво,чисто, презадоволни сме,а и добивме вреден подарок што за нас е вистинско изненадување; – Задоволна сум од љубезноста,подарокот.Дали бисерот е најубавиот подарок кој го добивте или самиот престојот во Охрид е дар? Бисерот значи .Сама го плативте овој престој во Охрид или сопругот ве почести ? Сама, слободна.

Еден мал гест остава силен впечаток,а е доволен мотив повторно да се вратат на ривиерата-вели Михајло Филев кој веќе 16 години за 8-ми март,ги дарува дамите,приредувајќи им изненадување на различни локации-овој пат кај катедралната Црква Света Софија која претставува најголем и најзачуван културно историски споменик во Охрид и во Македонија.

Реклама

„Охрид и Македонија и целиот регион изобилува со многу убави содржини,секој камен е своја приказна.Па така и охридскиот бисер е  примамлив и како бренд и како производ сувенир, да доаѓаат туристите не само да го купат бисерот,туку да ги видат сите други содржини кои апсолутно  блескаат во огромен сјај како што ги оставиле нашите предци низ историјата, рече Михајло Филев.

Туристите прашуваат кои се најважните сегмени од Охрид кои можат да го видат,почнувајќи од споменикот на Свети Климент во центарот,Света Софија,Антички театар,Света Богородица   Перивлепта,Плаошник,тврдината,незаменливиот Свети Јован Канео”, вели Љупчо Јузмески-туристички водич.

Со дводневни осмомартовски аражмани , жени од регионот го преплавија Охрид.

„Ние црногорците генерално многу сакаме да празнуваме и да одмараме, така што за секој постоен празник една од турите е во Охрид. За разлика од црногорскиот стандард овде не е толку скапо.Го сакаме овој народ кој е многу љубезен, гостопримлив.Највеќе сепак плени Охридското езеро”, вели  Деана Булатвиќ, од Црна Гора

Македонската традиција им е позната на гостите од Балканските земји,тие знаат и за ѓерѓефот кој го везела Фросина и за кајчето на Лихнида,нам ни останува само да направиме една убава приказна која секогаш ќе им буди убави спомени.

Новинар Росица Голабоска