Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Трајков: Ефективна примена на законите за сигурен пристап до правда за жените 

Вистинскиот напредок во примената на законите во рамки на евроинтеграциите се гледа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинскиот напредок во примената на законите во рамки на евроинтеграциите се гледа тогаш кога секоја жена има сигурен пристап до правда, кога институциите реагираат навремено и без предрасуди и кога системот обезбедува долгорочна заштита и поддршка. 

Тоа го порача денеска заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на јавната дебата „Унапредување на родовата еднаквост и пристапот до правда: обврски од ЕУ пристапувањето и Истанбулската конвенција“, што се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во организација на UN Women, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Настанот се организираше под глобалната тема „Права, правда, акција. За сите жени и девојки“ и претставува платформа за дијалог меѓу институциите, академската заедница, граѓанските организации и младите, со цел поврзување на законските обврски со нивната практична примена и реалното влијание врз животот на жените и девојките. Во рамки на првиот панел „Родова еднаквост и пристап до правда во процесот на пристапување кон ЕУ: правни обврски и институционална практика“ се дискутираше за усогласувањето со европското законодавство, имплементацијата на Истанбулската конвенција и предизвиците во обезбедувањето ефективен пристап до правда.

Реклама

Трајков нагласи дека доследната примена на Истанбулската конвенција претставува клучен индикатор за институционалната подготвеност на државата во процесот на европска интеграција. 

– Конвенцијата не е само меѓународна обврска, туку конкретна рамка за системска превенција, заштита и гонење на насилството врз жените. Нејзината имплементација значи функционални институции, координирани политики и систем што ја става жртвата во центарот на заштитата. Тоа е суштината на владеењето на правото – истакна Трајков.

Таа потенцираше дека европската интеграција не се мери само преку усогласени закони, туку преку нивната ефективна примена и реалните резултати на терен. – Вистинскиот напредок се гледа тогаш кога секоја жена има сигурен пристап до правда, кога институциите реагираат навремено и без предрасуди и кога системот обезбедува долгорочна заштита и поддршка – рече заменик-министерката.

Како што посочи, потребно е женско лидерство – лидерство кое носи перспектива на инклузивност, емпатија и одговорност. – Кога жените учествуваат во процесите на одлучување, политиките стануваат поодговорни и поодржливи. Младите жени денес треба да гледаат систем што ги охрабрува, а не ги ограничува. Треба да гледаат дека нивниот глас е вреден, дека нивната експертиза е потребна и дека нивното лидерство е признаено –  порача Трајков.

Настанот има цел да поттикне конструктивна размена на ставови и да придонесе кон зајакнување на институционалните механизми за заштита на женските права и унапредување на женското лидерство во процесите на донесување одлуки.