Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ТППЕ Куманово, лани со 665 интервенции, најмногу на отворен простор

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово успешно  ја заврши 2025 година со значително…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово успешно  ја заврши 2025 година со значително зголемен обем на работа, но и со позитивна оценка за ефикасноста и подготвеноста на екипите на терен, информираа денеска од тертиторијалната противпожарна единица. Според податоците на службата, во текот на изминатата година биле реализирани вкупно 665 интервенции, што е за околу 120 повеќе во споредба со 2024 година. Најголем дел од интервенциите, околу 370, се однесувале на пожари на отворен простор. Дополнително, регистрирани се 25 интервенции на сообраќајни средства, 14 пожари на објекти, како и 41 техничка интервенција.

-Најинтензивен беше месецот јули, кога ТППЕ Куманово интервенираше 140 пати само во еден месец, претежно на пожари на отворен простор. Дел од тие пожари, особено во руралните средини, траеа по неколку дена и бараа ангажман на сите расположливи капацитети, изјави  заменик-командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.

На еден од пожарите во село Бељаковце поради силен ветер и неповолни временски услови, гаснењето траело два до три дена. Во интервенцијата, покрај кумановската противпожарна единица, била вклучена и меѓуопштинска соработка со екипи од Старо Нагоричане и Ранковце, по што пожарот бил целосно локализиран. Од службата потенцираат дека палењето стрништа останува еден од најголемите предизвици. Во месеците јуни, јули и август ваквите пожари зафаќаат големи површини, нанесуваат штета на животната средина и бараат дополнителен ангажман на луѓе и возила.

Реклама

-На дел од интервенциите не можеме да одговориме само со една екипа и едно возило, па мораме да испраќаме дополнителни ресурси. И покрај тоа, сите пожари во 2025 година беа успешно изгаснати, изјави Станковски.

Кумановската противпожарна единица редовно интервенира и надвор од територијата на општината. Општина Липково нема своја пожарна единица, па секоја интервенција таму ја покрива ТППЕ Куманово. Слична е состојбата и со Општина Старо Нагоричане, каде екипите од Куманово излегуваат по барање за помош. Изминатата 2025 година, сепак, се оценува како позитивна во однос на опремувањето и меѓународната соработка. ТППЕ Куманово доби три противпожарни возила донација од Република Австрија, поточно од покраината Тирол, а дел од пожарникарите поминаа и специјализирана обука таму.

-Австрија е значително понапред од нас. Располага со современи возила од 2022 и 2023 година и силно развиен систем на доброволни пожарникари. Тоа е модел од кој имаме што да научиме, посочи Станковски.

Во таа насока, за 2026 година е планирано формирање на две доброволни противпожарни друштва, кои ќе располагаат со сопствени гаражи. Тие би реагирале први на терен, со што би се скратило времето на пристигнување до пожарите, а професионалната единица би се вклучувала по потреба.