Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Тошковски: За секој кој злоупотребил позиција или пак несовесно работел, ќе се постапи согласно закон и ќе биде најстрого санкциониран

Секој за кој ќе се најде каков било доказ дека злоупотребил каква…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој за кој ќе се најде каков било доказ дека злоупотребил каква било позиција или пак несовесно работел во службата, ќе се постапи согласно закон и ќе биде најстрого санкциониран, заради тоа што ја злоупотребил довербата на македонските граѓани, на Министерството за внатрешни работи и го оцрнил образот и пред колегите свои кои чесно и професионално си ја работат работата, и пред македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан дали имало полициски службеници кои за 1.400 евра издавале фалсификувани, односно возачки дозволи со повисоки категории на управување на возила од оние кои ги имале во своите оригинални.

-Во текот на вчерашниот ден имаше така поставено прашање од страна на медиумите во Министерството за внатрешни работи, одговоривме дека се постапува по информации добиени од страна на МВР за конкретни сомнежи за кривично дело, кои информации се споделени со Јавното обвинителство, за коишто дејствија Јавното обвинителство донело наредба за преземање на одредени истражни дејствија од страна на внатрешна контрола во рамки на Министерството, рече Тошковски во гостувањето на една од националните телевизии.

Посочи дека во овој момент не сака да споделува повеќе детали за овој предмет, заради тоа што станува збор за дејствија кои се предмет на оперативна обработка од страна на Внатрешна контрола во МВР, односно постојат основани сомненија дека се сторени одредени незаконитости.

Реклама

-Кога ќе можеме, секако дека ќе ја информираме јавноста. Ова е битна тема и за Министерството за внатрешни работи и за јавноста, секако, не смееме да дозволиме злоупотреба на службена на службена положба, истакна министерот.

Во однос на тоа дали оваа група е поврзана со аферите од минатото за издавање пасоши, рече дека не сака да навлегува во детали во тој дел, но е убеден дека доколку имало построги казни, тоа не би се случило.

-Не би сакал да влегувам во детали во тој дел, но сигурен сум дека ако имаше построги затворски казни со одредени останати мерки коишто може да бидат изречени во рамки на правосилна пресуда спрема оние за коишто беше докажано дека дека злоупотребувале позиција во рамки на МВР, исто во управните служби, сега немаше така лесно да се дрзнат пак истото да го направат, сега не во делот на патни исправи, во делот на возачки дозволи, меѓутоа тоа е исто, заради тоа што имаме злоупотреба на службена положба… основани сомненија за злоупотреба или индикации за злоупотреба на службена положба или несовесно работење во служба во делот на фалсификување на исправи, додаде Тошковски.