Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тошковски – Варнс: Македонија и САД остануваат силни партнери, со јасна цел за уште поцврста, поефикасна и стратешки поврзана соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средба со вршителката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, на која ја потврдиле заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

– Разговаравме за продлабочување на соработката во областите на безбедноста, владеењето на правото и заедничкиот одговор на современите безбедносни предизвици, особено по нашата работна посета на САД и стратешкиот дијалог, кој се одржа во Вашингтон – напиша Тошковски на својата фејсбук-страница.

Тошковски додава дека Македонија и САД остануваат силни партнери, со јасна заедничка цел за уште поцврста, поефикасна и стратешки поврзана соработка во интерес на безбедноста и стабилноста на целиот регион.