Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Македонија

Тошковски: Силната држава почнува со силни институции, а безбедноста е темелот на економскиот развој, правната сигурност и квалитетот на живот на секој граѓанин

Полициската професија не е професија што завршува со истекот на работното време.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициската професија не е професија што завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа оваа униформа носи тежина, но и огромна чест.

Ова го порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на промовирањето 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025-2026 во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово.  

На промоцијата, на која присуствуваа и помошник-министерот на Полициската академија, Влатко Митковски, и министерката за обраозвание и наука, Весна Јаневска, Тошковски истакна дека со денешната свечена заклетва тие не добиваат само работно место, туку прифаќаат голема одговорност и ја преземаат честа да ја носат униформата што граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и сигурноста.

Реклама

Според него, силната држава почнува со силни институции, а безбедноста е темелот врз кој се гради економскиот развој, правната сигурност и квалитетот на животот на секој граѓанин. 

– Денес, кога ќе ја положите свечената заклетва, прифатете ја како лична обврска пред себе, пред вашите семејства, пред вашите колеги и пред Македонија. Обврзете се дека секогаш ќе ги почитувате Уставот и законите, дека ќе водите бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, дека ќе ја штитите безбедноста на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска, политичка или која било друга припадност и дека достојно ќе ја носите полициската униформа – посочи Тошковски.

Тој потсети дека со стапувањето на функцијата заедно со соработниците почнале процес на темелна модернизација и јакнење на македонската полиција, меѓу кои ги наброја: новите полициски станици, современа опрема, нов возен парк, подобри услови за работа, дигитализација на услугите….

– Резултатите веќе се видливи. Денес, Македонија има најнизок криминалитет во последните 20 години, што е резултат на посветена работа на секој полициски службеник, но и на реформите, модернизацијата и професионализацијата што континуирано ги спроведуваме. Тоа е потврда дека кога се инвестира во луѓето, во знаењето и во институциите, резултатите не изостануваат – истакна Тошковски.

Забележа дека оваа генерација уште за време на обуката покажала исклучителна подготвеност, дисциплина и професионален потенцијал, но и оти е генерација што ја завршила обуката во целосно обновени услови. 

– Центарот за обука во Идризово денес претставува современа образовна институција, меѓународно акредитирана за спроведување полициска едукација според највисоки професионални стандарди, но тука не застануваме. Од оваа година Центарот за обука прераснува во Полициска академија, која ќе биде носител на развојот на полициското образование, континуирана обука и професионалната специјализација на сите полициски службеници – истакна Тошковски. 

Помошник-министерот на Полициската академија, Влатко Митковски, на промоцијата истакна дека се првата генерација со која е спроведен новиот модел на наменска основна обука, поделена на три специјализирани модули: општа надлежност и сообраќај, кој го завршиле 364 кандидати, гранични работи – 78 кандидати и специјални полициски операции – 54 кандидати.

Тој посочи дека оваа генерација, меѓу другото, ќе биде запаметена и по хуманоста. За време на обуката учествувале во донација на храна, новогодишни пакетчиња за дечињата чии семејства не се во можност да им ги овозможат и крводарителски акции.

– Но најважната лекција што требаше да ја научите не беше како да примените одредена полициска техника или процедура. Најважната лекција беше дека полицискиот службеник секогаш мора да биде човек со интегритет. Знаењето може постојано да се надградува, вештините може да се усовршуваат, но чесноста, одговорноста и чувството за правда се вредности што треба да ве водат во секој миг од вашата кариера. ​Полициската униформа не претставува само службено обележје, таа претставува доверба, а довербата не се добива со самото стапување во службата – таа се заслужува секој ден преку професионално, законито и достоинствено постапување – истакна Митковски.

На новите полициски службеници им укажа дека полициската професија бара постојано учење и оти вистинската академија продолжува на терен преку искуството, преку секој предизвик, преку секоја правилно донесена одлука и преку секој граѓанин кому ќе му помогнат.

​- Носете ја униформата со чест. Почитувајте го законот без исклучок. Чувајте го својот професионален интегритет. Никогаш не заборавајте дека најголемото признание за еден полициски службеник се довербата и почитта од граѓаните – им порача Митковски на новите полициски службеници.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: