Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Тошковски – Шјијаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста

– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјата, Џијанг Шјијаојан, на која станало збор за продлабочувањето на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста.

Како што соопшти МВР, на средбата било изразено заемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат позитивен развој и се темелат на заеднички принципи и интереси.

Посебен акцент бил ставен на интензивирање на активностите во борбата против илегалната миграција, како и на продолжување на редовниот дијалог и координација меѓу надлежните институции.

Реклама

Соговорниците се согласиле дека стратешките цели на двете држави остануваат приоритет, при што беше истакнато дека унапредувањето на соработката ќе придонесе за нивна поефикасна реализација.

Средбата, како што се наведува во соопштението, се одвивала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои силна основа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу двете земји.