Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Тошковски: Осомничени се 20 лица, околу 15 се во полициска станица

На дискотеката и била истечена лиценцата, а фалсификат имале од 2024 година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На дискотеката и била истечена лиценцата, а фалсификат имале од 2024 година.

Осомничени се 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица, информираше министерот Панче Тошковски за време на прес конференцијата пред полициската станица во Кочани, во врска со трагичниот настан во кој животот го загубија 59 лица за време на пожар во дискотека.

„Дел од сомничените за предизвикување на овој настан се починати, дел се во болница. Четири  лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, менаџер на дискотеката… Дел од приведените лица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој настан согласно доказите, приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина во рамки на кривични дела поврзани со овој настан, приведени се поранешен државен секретар во министерството за економија, поранешен и сегашен раководител на еден сектор во Министерство за економија, приведен поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата, дел биле вклучени во рамки на обезбедување, активности, организирање на настанот. Разговор во МВР е извршен со над 25 лица, очевидци, и ќе продолжиме континуирано да истражуваме“, информираше министерот Тошковски.

Реклама

Оваа лиценца како и многу други во миинатото се повразани со мито и корупција, но разликата во овој случај е што сега вината има име и презиме, порача Тошковски.