Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тошковски: Нема да има заштита за прекршителите во полицијата

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска информираше дека е откриено сериозно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска информираше дека е откриено сериозно прекршување на службените должности од страна на полициски службеник. Според неговото објаснување, полицискиот службеник не само што дозволил братот на градоначалникот на општина Гази Баба да избегне соодветна санкција за сообраќаен прекршок, туку дополнително и навел сосема неосновано друг граѓанин во службената документација, што претставува кривично дело.

Тошковски нагласи дека истрагата покажала уште посериозни неправилности од оние што претходно биле објавени од страна на СДСМ. Првиот сериозен прекршок е тоа што полицискиот службеник дозволил сторителот на сообраќајниот прекршок да остане неказнет. Вториот, уште потежок прекршок, е фабрикувањето на податоци со лажно инволвирање на трето лице кое воопшто не било поврзано со настанот.

Министерот информираше дека братот на градоначалникот, кој управувал со возило со брзина од 88 километри на час во зона каде дозволената брзина е 50 километри на час, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“. Против него е изречена парична казна во износ од 300 евра, а дополнително ќе биде изречена и мерка за забрана на управување моторно возило.

Реклама

Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи брзо и ефикасно го расчистило случајот веднаш по појавувањето на информациите во медиумите. Тој упати јасна порака дека секој полициски службеник мора да постапува строго по закон и согласно стандардните процедури. Додаде дека нема да има простор за прикривање или амнестирање на одговорноста, било дисциплинска или кривична.