Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Тошковски: МВР се бори против криминалците во своите редови без селективност

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со случајот на уапсениот…

Сподели:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со случајот на уапсениот член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“, истакна дека МВР неселективно и бескомпромисно се бори против криминалците во своите редови.

„Многу кривични пријави се поднесени и во минатото против криминалците во редовите на МВР, а исто така постапено е и во овој случај. Одделот за внатрешна контрола, по добиени информации, извести надлежен јавен обвинител кој што ја одобрил акцијата и дал наредба за преземање на мерки истата вечер. По спроведувањето на акцијата, извршени се претреси кај полициски службеници и пронајдени се докази кои го потврдуваат стореното кривично дело“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека македонските граѓани заслужуваат полиција која ќе ги штити, а не која ќе ги злоупотребува.

Реклама

„Сакам да им порачам на сите недобронамерници и предавници во редовите на МВР дека ќе продолжиме неселективно и бескомпромисно да се бориме против криминалците. Македонските граѓани заслужуваат полиција која ќе ги штити, а не полиција која ќе ги рекетира“, нагласи Тошковски.

Во одговор на прашањето дали е вознемирен што овој случај потекнува од нивните редови, министерот изјави дека целото МВР е вознемирено.

„Сите во МВР се вознемирени кога ќе видат дека некој криминалец се прикривал со униформа, без разлика дали таа униформа е свечена, тактичка или униформа која ја носат припадниците на одделот за обезбедување на имот и лица“, истакна Тошковски.

Тој не сакаше да открие дополнителни детали од истрагата, но нагласи дека кога ќе имаат потребни информации, ќе ги споделат со јавноста.

Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков, беше уапсен и му беше одреден 30-дневен притвор. Сарамаков, кој е полицаец од 6-тата Управа на МВР, е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.