Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Македонија

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите.

-Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри, истакна министерот Тошковски.

Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување а се преземени од Министерството за внатрешни работи и други институции а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Реклама

Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите.