Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Тошковски: Истрагата за Кочани сѐ уште е отворена и никој нема да биде поштеден

Никој нема да биде поштеден ако има каква било вина со трагедијата…

Сподели:

Никој нема да биде поштеден ако има каква било вина со трагедијата во Кочани. Истрагата за несреќата во Кочани не е завршена и може да биде проширена и со други полициски службеници и поранешни министри на МВР, а нема да се амнестираат ниту функционери од актуелното раководство на полицијата, доколку постапиле незаконски, или, пак не презеле ништо а требало. Вака одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето за впечатокот на јавноста дека службеници од многу институции завршија во притвор бидејќи не си ја вршеле работата, а меѓу нив има само седум полицијаци. Тошковски смета дека има вина и во МВР, но истрагата не е завршена и опфатени се сите за кои постојат докази, подвлекува Тошковски.

Во однос на нападите од повеќе опозициски партии дека истрагата е селективна, Тошковски вели дека амнезија имало во минатото, кога за несреќи каде што загинаа 75 луѓе, МВР не поднело ниту една кривична пријава против ниту еден осомничен.

Од вчера МВР истрагатае проширена со уште 19 луѓе кои добија кривична пријава, за предизвикување на општа опасност со што бројката се искачи на 45 осомничени и три фирми.

Реклама

Истрагата опфати поранешни министри во Економија, државни секретари и службеници од истото министерство, директори на Дирекцијата за заштита и спасување , директори од Пазарниот инспекторат и 7 пазарни инспектори. Осомничени се и тројца градоначалници, тројца градежни инспектори од Општина Кочани, сопственикот на „Пулс“ и уште тројца кои правно се поврзани со фирмата, обезбедувањето и Агенцијата, како и членови на бендот и проектантката која во 2010 година го избработила проектот магацин за лесна индустрија да стане ноќен клуб.

Во 30-дневен притвор се 31 осомничен, меѓу кои и тројца градоначалници на Кочани, како и групата од 7 полициски службенци.