Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тошковски до Петровска за апсењето на директорот на ДЗИ: Зошто лицето е апсено на локацијата на која е апсено – затоа што таму ги примило средствата

Во конкрентиот објект, каде што е упсено лицето за примање поткуп, живеаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во конкрентиот објект, каде што е упсено лицето за примање поткуп, живеаат многу поранешни и сегашни функционери, а е упсено во тој објект бидејќи таму е фатен како ги прима парите – одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска, кое се однесуваше за апсењето на директорот на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ), како и дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го штитите министерот за земјоделство?

– Прашањето шт го поставивте од аспект на тоа кој каде живее и кој каде престојувал, дали престојувал некој министер, сегашен или поранешен, во согласност со моите информации што ги добив непосредно пред прашањето. Во рамките на овој објект живеат неколку поранешни и сегашни министри, да не специфицирам во јавност, не сакам да нарушам приватност, за разлика од вашето прашање кое го поставивте. Јас ќе бидам таинствен и ќе кажам дека во предметниот објект живеаат, во согласност со информациите што ги добив пред 30 секунди откога ми го поставивте прашањето, многумина сегашни и поранешни функционери. Е, сега, зошто лицето е апсено на локацијата на која е апсено – затоа што таму ги примило средствата. Кој друг живее во тој објект, искрено, не знам, можеби вие подобро би знаеле од мене кој друг живее во предметниот објект – рече Тошковски на денешната собрааниска седница посветена на пратенички прашања. 

Министерот за внатрешни работи посочи дека пратеничката Петровска креирала губи манипулации и, како што рече, „овие обиди се ниски за дефокус на јавноста, во насока на вие што цените, треба да ја дефокусирате“. 

Реклама

Тој истакна дека законот го спроведуваат неселективно, а изминатиот период се апсени и поранешни и сегашни функционери. Посочувајќи дека актуелниот функционер, кој е упсен на локацијата, а станува збор за директорот на Државниот земјоделски инспекторат, е фатен со докази како прима пари.