Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Тошковски: Ќе следуваат поригорозни законски правила за управување електричен тротинет и зајакнати контроли за несовесните моторџии

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во иднина ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во иднина ќе следуваат законски измени, кои ќе бидат порестриктивни во однос на управувањето електричен тротинет. 

Одговарајќи на новинарско прашање, денеска, на официјалната промоција на кампањата за побезбеден сообраќај „Одговорно со технологијата“ на „А1 Македонија“ и МВР, Тошковски рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ограничување на возраста до 16 или до 18 години за оние што ќе може да управуваат електричен тротинет. 

Тошовски посочи дека ова е едно од многуте горливи прашања, со повеќе европски амбасадори разговарал на оваа тема. Истакна дека во моментот европскиот просек во однос на бројот на жртви е речиси 44 на милион жители.

Реклама

– Но, во последниот период таму е констатиран пораст на смртни случаи како последица на несоодветно управување електрични тротинети, нивно несоодветно вклучување во сообраќајот и нивно несоодветно користење, особено од страна на малолетни лица – рече Тошковски и додаде дека во моментот се прави компаративна анализа и се разгледуваат искуствата на другите држави.

Министерот истакна дека Грција е една од државите што во последниот период имплементира порадикални мерки во оваа насока.

– Ќе ја искористам оваа можност да кажам дека во иднина ќе следуваат законски измени што ќе бидат порестриктивни во оваа област. Не можам сега да навлегувам во детали, дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, апсолутно е јасно дека на ова поле ни се потребни законски измени сè со цел зголемување на безбедноста поврзана со овој тип превозни средства – најави тој.

За тоа дали во текот на летниот период ќе се зголеми и контролата врз лицата што управуваат мотор имајќи предвид дека овие превозни средства и повеќе се користат во тој период, Тошковски истакна дека вистинските моторџии ги почитуваат сообраќајните правила.

– Сакам да кажам дека оние што се вистински моторџии, а такви познавам лично многу, никогаш во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Вистинските моторџии, особено оние што членуваат во мото-организации, се и тоа како посветени на почитување на сообраќајните правила бидејќи многу добро знаат какви се последиците кога тие не се почитуваат. Но, за сите оние што „глумат“ моторџии, возат без кацига, со далеку поголема брзина, возат на едно тркало низ град, поминуваат на црвено светло и мислат дека „Безбеден град“ нема да ги детектира, сакам јавно да порачам дека Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе биде особено фокусирано токму на нив, особено во градските средини. Ќе останат и без мотори и без можност да „глумат“ моторџии. За нив се подготвува посебен план за постапување и тие ќе бидат главен таргет затоа што претставуваат огромен ризик во сообраќајот – нагласи министерот.

Тошковски додаде дека човечкиот живот нема цена и секој што не ги почитува сообраќајните правила, особено во урбаните средини, претставува потенцијален ризик да предизвика трагедија што никогаш повеќе не може да се исправи, особено ако згасне човечки живот.

Видеото може да го проследите на следниот линк: