Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тошкоски: Статутот ќе овозможи непосредна демократија, враќање на силата на одлучување во рамките на базата на партијата, на членовите

Панче Тошкоски претседателот на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во…

Сподели:

Панче Тошкоски претседателот на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија посочи дека новиот статут на партијата ќе донесе непосредна демократија, односно партијата е должна да им овозможи на сите оние кои што се релевантна група на истомисленици да го искажат своето мислење и врз основа на тоа партијата да донесе став.

-ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која што се бори за зачувување на македонските национални интереси. Тоа е отворена партија која сака на сите свои поддржувачи и на сите граѓани на Република Македонија да им го презентира патот по кој ќе се движи во наредниот период. А кој од каде би почнал ако не од реформи во самата партија. Поради ова одлучивме да извршиме промена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е акт за внатрешна организација на партијата. И акт кој ќе ги предвиди во иднина начинот на функционирање на една демократска држава. Не само на партиско ниво туку и на државно ниво. Како би имале демократија во државата ако немаме внатрепартиска демократија. Се ова што се случи во ВМРО-ДПМНЕ е предвесник за едно подобро утро. Утро кое е препознаено од Европската народна партија каде што ние припаѓаме како политички субјект. Оваа идеја е уште пред две години, но потребно беше да се изврши детална анализа, за да може комисијата да предложи еден демократски статут, кој што е можам да кажам непознат за овие балкански простори од аспект на враќање на силата за одлучување во рамките на базата на партијата – на членовите од кои всушност извира партијата, рече Тошкоски.