Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Томовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајка

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ присуствуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ присуствуваше директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски кој објаснуваше за владиниот имот кој е во сопственост на државата, кој како резултат на владеењето на претходната влада бил наследен во многу лоша состојба.

Томовски истакна дека затекнале државен имот во многу лоши услови како резултат на владеењето на претходната власт, исто така и прикажа докази за ситуацијата во вилата Лазарополе и вилата Свети Стефан.

Директорот на СОЗР приложи факти покажувајќи фотографии за лошата состојба на објектите кои ги оставила СДС, и се она што е направено од страна на владеењето ВМРО-ДПМНЕ во овој краток временски период од неколку месеци.

Реклама

-Имаме во сопственост наши објекти, имаме вила во Лазарополе, имаме вили во Охрид кои што се во доста лоша состојба. Ова е сето она што сме го направиле во овој краток период без финансиски импликации брз буџетот, со сопствени средства и без пари. Практично, немало никаков пристап до вилата и ние овозможивме пристап и планираме во текот на 2025-2026 година комплетно целиот државен имот да го ставиме во функција да профункционира и да нема никаков проблем, рече Томовски.

Томовски потенцираше дека државните објекти се оставени седум години без да се закова ниту една шајка од страна на претходната влада која не обезбедила ниту имотен лист.

-Не им се работело и не сакале да работат. Она што е уште пофрапантно е тоа што овие вили немаат имотен лист, не потегнале со години да го средат имотот на државата. Доколку сакате вие со овие вили да отпочнете некаква реставрација, реновирање и било каков градежен зафат мора да објавите тендер за проектирање со фирма со А лиценца и изведувач со А лиценца но, пред се тоа да го отпочнете мора да имате имотен лист. На овие не им се работело претходно, не почнале никаква постапка, објасни Томовски.