Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Дали е можен пресврт за Западен Балкан? Во среда претседателката на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали е можен пресврт за Западен Балкан? Во среда претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен официјално ќе го презентира клучниот стратешки документ за реформи пред  проширувањето, пред  Колегиумот на комесари, по што веднаш ќе замине на тридневна дипломатска турнеја низ регионот, вклучувајќи го и Скопје.   

Документот  ги опфаќа сите кандидатски земји. Неофицијално го таргетира прашањето со билатералните блокади, а клучната новина е воведувањето квалификувано мнозинство за отворање и затворање поглавја. Тоа значи крај на консензусот за секој чекор, а едногласност ќе треба само за финалниот прием. Доколку дојде до ваква измена тоа би значело крај на уцените од поединечни членки, како што е  случајот со бугарското вето поради историски и билатерални спорови.

Европската комисија се очекува да го напушта концептот „сè или ништо“. Новиот модел предвидува фазна инклузија, односно земјите-кандидати кои успешно ги спроведуваат реформите ќе добијат пристап до единствениот пазар на ЕУ и до значајни буџетски фондови уште перед формално да станат членки.

Реклама

Сепак, правилата доаѓаат со строг заштитен механизам. Доколку некоја земја по приемот покаже регрес во владеењето на правото, ЕУ ќе активира клаузули за „Тројански коњи“, со кои брзо ќе се укинуваат фондовите или ќе се суспендира правото на глас на новата членка.

Дека ЕУ мора да промени некои практики, е и  во насока  изјавата на премиерот Мицкоски кој предупредува во делови од Западен Балкан повторно се појавуваат тензии и теми што потсетуваат на почетокот на деведесетите, оценувајќи дека и навидум помал инцидент може да предизвика поширока регионална криза.  На средбата со претставниците од Западен Балкан и шефицата на дипломатијата на ЕУ,  Каја Калас, во Њујорк, атмосферата и она што се зборувало таму кај Мицкоски предизвикало сериозна загриженост.

„Имам чувство дека некако како постепено на Балканот повторно да се враќаат темите од раните 1990-ти од минатиот век. Имав чувство дека се случува една тензија којашто за мене, во овој момент, во 21 век, навистина претставуваше едно големо изненадување“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

Токму затоа тој побарал од Брисел побрзо да испорача конкретни придобивки за граѓаните од регионот.

„ Нам ни требаат брзи испораки од страна на Европската Унија. Нешто што може брзо да биде испорачано за да фрустрацијата којашто ја чувствуваат граѓаните во регионот полека, но сигурно почнува да се намалува“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

Новиот план потекнува од германско францускиот нон-пејпер презентиран во Тиват. Деталите за тоа што срочиле Мерц и Макрон ќе се знаат за три дена. Новиот документ ќе биде главна тема и на претстојниот Самит на лидерите на ЕУ закажан за 15 октомври.